Јасна Мандиќ

Заменичката на Боки 13 стигна во судот, обвинителството бара притвор

Заменик-претседателката на невладината организација Меѓународен сојуз, Јасна Мандиќ, вечерва со полициска придружба пристигна во Кривичниот суд. Обвинителството за гонење организиран криминал денеска отвори нова истрага за случајот „Рекет“ и бара притвор за заменичката на Бојан Јовановски, кој ја водеше оваа невладина организација.

Таа е осомничена за злоупотреби преку сметката на Меѓународен сојуз. Новата истрага се однесува на пет физички лица и едно правно лице. Меѓу нив се Мандиќ, Бојан Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски и потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски.

Боки 13 сторил продолжено кривично дело измама и перење пари. Останатите се осомничени дека помагале при извршување на кривичното дело измама. Тројца од нив се сомничат дека помагале и при перење пари и други приходи од казниво дело.

Jaсна Мандиќ

Од јули 2017 година до април 2018 година Бојан Јовановски - Боки 13 како претседател на Меѓународен сојуз, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евро од другото. На овие средби присуствувала Фросина Ременски, пратеничка од СДСМ и потпретседателка на Собранието, која го искористила својот углед и авторитет, па оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела подготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе