Поранешната министерка се соочи со семејствата на жртвите

Јанкулоска сведок во „Монструм“: Фактите за петкратното убиство се поинакви од впечатокот од „бомбите“

Никогаш никој не влијаел на активностите во МВР за „Монструм“, фактите се поинакви од впечатокот од разговорите, одговори поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на прашање на обвинителката Фатиме Фетаи поврзано со „бомбите“ за овој настан.

Осум години по убиството Јанкулоска се сретна со родителите на убиените момчиња и застана на пултот за сведоци да одговори на прашањата на судот, обвинителите, одбраната и оштетените.

Фетаи на Јанкуловска ѝ цитираше дел од содржината на „бомбите“, односно конкретно онаа во која таа зборува со тогашниот министер за правда, Блерим Беџети. Овој разговор е направен на 14 март, 2013 година, а прашањето на обвинителката Фетаи беше дали имало простор за политички калкулации.

„Во разговорот вие зборувате за политички калкулации, дека сѐ може да се изменаџира во врска со судската постапка, а Беџети ве фали дека добро сте изменаџирале сѐ“, и рече Фетаи на Јанкулоска.

На ова поранешната министерка возврати дека бил прочитан само еден дел. Фетаи ѝ укажа на Јанкулоска дека ако сака може да ѝ го прочита и целиот разговор. Јанкулоска на ова одговори дека фактите се поинакви од впечатокот.

„Факт е дека сме разгледувале опции во однос на постапката во законски начин и акцентот бил ставен на она што е во наша надлежност сѐ да се заврши во најдобар можен начин. Фактите се поинакви од впечатокот“, одговори Јанкулоска.

Фетаи возврати: „А каков впечаток добивате вие?“.

Јанкулоска се наврати на тоа дека не се согласува дека се правени калкулации со овој предмет, а најмалку политички. Во своето сведочење пред судот таа тврдеше дека еднаш се сретнала со семејствата на жртвите на барање на тогашниот градоначалник Коце Трајановски и дека фокусот на таа средба бил што МВР можело да направи во врска со овој настан.

Прашање од Фетаи имаше и за телефонските контакти со министерот од Косово, на што Јанкулоска образложи дека имала серија контакти со Косово кои се однесувале на постапката за екстрадиција на првите двајца обвинети.

„Требаше да се започне формална постапка за нивна екстрадиција. За жал таа постапка е сѐ уште без епилог“, додаде Јанкулоска.

Поранешната министерка ја објаснуваше и процедурата за ваков голем настан и за тоа кој постапува од МВР. Таа одговори дека буквално целото МВР било вклучено и дека БЈБ и УБК имаат голем удел, како и дека никој никогаш не влијаел на активностите во МВР за „Монструм“.

По Јанкуловска ќе сведочи Синиша Алексовски.

К.Д.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе