Во тој период таа беше дел од Извршниот комитет на партијата и вели дека не ѝ биле познати одлуки во врска со протестите, односно дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не излегла со формален став за демонстрациите што ги организираше движењето „За заедничка Македонија".
Одлука на Извршниот комитет за поддршка на протестите не беше донесена", рече Јанкулоска.
Критичниот ден, сведочеше, била во својата канцеларија во партиското седиште и тврди дека не се случувало ништо невообичаено, а околу 17 часот си заминала дома и на телевизија видела што се случува во Собранието.
Јанкулоска е сведок предложен од страна на одбраната. Таа не е првиот истакнат член на партијата што сведочеше во овој предмет. Сведочеа повеќето од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од минатиот парламентарен состав, како и актуелниот лидер Христијан Мицкоски, кој во тој период беше генерален секретар. Сите сведочења беа во насока дека партијата не стоела зад протестите.