Случај „Плацеви на Водно”

Јанкиески сведочеше дека Груевски барал од него да му предложи архитекти за парцелите на Водно

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска во Основниот кривичен суд во Скопје денеска како сведок во случајот „Плацеви на Водно” кажа дека поранешниот премиер Никола Груевски, обвинет во случајот, барал од него да му предложи архитекти, односно проектанти за парцелите на Водно и во Крушево, кои се дел од обвинението во овој предмет. 

Јанакиески рече дека за овие парцели се дискутирало, како и за многу други, во рамки на активностите на Комитетот за градежна експанзија, и не кажа дека станувало збор за личен интерес на Груевски. Но, појасни дека „бомбите“ што беа објавувани за земјиште на Водно може да ги поврзе со локациите за кои своевремено дискутирале.

Тој додаде дека за земјиштето во местото Шербетница и земјиштето над локацијата на Католичката црква, разбрал кога во рамките на КГЕ, ја посетиле Општина Центар.

„Со Никола Груевски и КГЕ се состанувавме еднаш неделно, меѓу другото разговаравме и за земјиштата во Парк шумата Водно. Големината на парцелата беше 11.000  квадратни метри. Прашуваше за урбанизација. Му објаснував од законски аспекти како се урбанизира едно земјиште, дека на 10 години се носи Генерален урбанистички план. Тој беше на чело на Комитетот, зборевме за илјадници локации”, изјави Јанакиески и наведе дека освен за локациите на Водно, во една прилика го има прашано и за земјите во Крушево.

Јанакиески раскажа дека едната парцела на Водно од околу 3.000 квадратни метри, која била државно земјиште, на јавно наддавање ја купила фирмата ‘ИТК инженеринг’ каде што сопственик или управител бил Александар Ивановски – Алек Теранова. Бизнисменот, рече Јанакиески, како и за многу други локации, го контактирал да го праша за процедурите за јавно наддавање со оглед дека тогаш во 2012 година новина било воведувањето електронско наддавање. На прашање на обвинителката Лиле Стефанова, дали и други лица го распрашувале, тој рече дека и тогашниот премиер Никола Груевски го прашувал, но не само за таа туку и за други локации.

Судењето за предметот „Плацеви на Водно" е во фаза на доказна постапка, односно сослушување на сведоци предложени од обвинителството.

Овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а поранешениот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”. 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе