По четиричасовниот распит

Јанева знае кај се парите, не знае дали ќе биде осомничена, не знае кај е Камчев...

Се работи сѐ уште за истрага. Повикана сум како сведок. Не знам дали обвинителката ќе реши да бидам и осомничена, тоа треба неа да ја прашате, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева по излегувањето од четиричасовниот распит од канцеларијата на Вилма Русковска од обвинителството за гонење на организиран криминал.

Јанева била повикана како сведок за случајот „Рекет“.

На прашањето дали знае кај завршиле парите, Јанева одговори да. „Ова е истрага и во истрага не се споделуваат информации. Ќе има најверојатно судење и таму ќе се кажат работите. Два мои телефони што сум ги користела се на анализа во обвинителство. Дали истрагата ќе се води и против мене - не знам. Не, не чувствувам вина. Не знам дали во случајот има инволвиран и политичар“, беа одговорите на бројните прашања на новинарите по излегувањето од распитот.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе