Откако еднаш беше повикана како сведот

Јанева во вторник прв пат ќе дава исказ како осомничена за „Рекет“

Катица Јанева во вторник ќе дава исказ кај обвинителката Вилма Русковска за преметот „Рекет", соопшти нејзината адвокатка Ирена Фрчковска во вчерашното гостување во емисијата 360 Степени.

Ова ќе биде прв исказ на Јанева како осомничена, бидејќи првиот пат даваше исказ во својство на сведок.

Нејзината адвокатка рече дека таа е во лоша здравствена состојба, дека има прболем со хронични болести и дека не се чувствува добро поради ситуацијата во која е.

Запрашана за снимките во кои се слуша како Јанева директно комуницира со осомничено лице во предмет за којшто СЈО води истрага, таа рече дека тие разговори ги толкуваат во насока на изјавата на Јанева, односно дека се работело за евентуална соработка како сведок во друга постапка.

Данаилова-Фрчкоска вели дека ќе треба да се види дали снимките воопшто ќе може да бидат искористени како докази во кривичната постапка.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе