Одбрана на поранешната шефица на СЈО за „Рекет“

Јанева тврди дека Камчев често доаѓал во СЈО за да дознае дали е таргет

По обвинетиот Бојан Јовановски денес во Основниот кривичен суд во Скопје својата одбрана пред судот за случајот „Рекет" дава обвинетата Катица Јанева. Таа пред судот зборуваше за дека Библија на нејзиното работење секогаш бил Законот за кривична постапка, а со нејзиниот избор за специјален јавен обвинител нејизна Библија бил и Законот за СЈО.

„Мојата работа беше уникатна и несекојдневна. Никој во Македонија не може да ја спореди работата со друго обвинителство бидејќи СЈО беше и производ на неработата на другите обвинителства. Првпат во Македонија се слушна гласот на јавниот обвинител. Не само да наведува паушални обвинувања во обвиненијата туку да работи по словото на законот", рече Јанева пред судот. 

Ниту еден предмет, посочи обвинителката физички не бил во нејзината канцеларија, а сите кривични предмети биле отворани од страна на јавните обвинители во консултација со неа.

Катица Јанева во Судот денеска раскажуваше за предметот „Империја".

„Не беше привилигран Орце Камчев, ниту беше нешто да паѓаме во несевест за него како некои. Орце Камчев често доаѓаше во СЈО за да дознае дали е таргет. Многу беше среќен кога разговараше со многу негови миленички, посебно кога во еден ден купи банка, ЗИК Пелагонија и друга фирма. Кога го прашуваа од каде толку пари, тој велеше дека не е сам“, рече Јанева.

Таа истакна дека го дала предметот да го води Лиле Стефанова, и дека таа побарала ПИ мерки. Катица Јанева рече дека ја поддржала во тоа, и дека од судијката Димишкова добила дозвола за ПИ мерки.

„Дури 660.000 илјади фајлови ни беа дадени од опозицијата. Бидејќи јавноста беше многу заинтересирана за „бомбите", се интересираа и за нас. Народот не подржуваше и со паролата „Нема правда нема мир". Законите ни беа наша ѕвезда водилка. Дури 35 предмети кои требаше да ги води ОЈО ни беа дадени на нас. Да знаете вие што се знам јас од тие фајлови за многу луѓе, немаше јас овде да бидам. Но, збор не излезе од СЈО, ни буква. Затоа што работат по законот, зашто моите обвинители на тоа се обврзаа и затоа јас многу ги почитувам! Се надевам дека фајловите се сè уште во зградата на Специјалното јавно обвинителство, каде се наоѓаат во специјални сефови. Јас ги набавив тие сефови, неуништиви се. Може да горат на лава еден час и да не се стопат“, рече Јанева пред судот. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе