Во интервју за Код

Јанева: СЈО нема вина за бегството на Груевски, сметавме дека не треба да бараме притвор по првостепената пресуда за „Тенк“

Специјалната обвинителка Катица Јанева негира одговорност на Специјалното јавно обвинителство за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Јанева во интервју за емисијата Код на Телевизија Телма, вели дека СЈО нема никаква одговорност за бегството на осудениот поранешен премиер, а за останатите постапки кои се водат против Груевски притвор бил побаран во два наврати, но судот не им го прифатил предлогот.

За изјавата на министерот Оливер Спасовски во која тој кажа дека довербата во СЈО му е намалена, Јанева вели дека не е погодена од изјавата на министерот, ниту пак ја сфаќала изјавата така како што била кажана.

Јанева дополнува дека СЈО немало ингеренции да води грижа дали и кој го обезбедува Груевски по правосилност на пресудата за „Тенк".

„Не сум погодена од изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасоски, ниту пак ја сфаќам така како што е кажана. Обвинителството, не само специјалното, туку било кое обвинителство нема ингеренции после правосилност на пресудата во делот на извршување на санкциите, тоа е целосна одговорност на судот и на Одделението за извршување на санкции. Јас немам ингеренции ниту во однос на тоа дали некој го обезбедувал Никола Груевски, немам такви ингеренции во однос на извршната власт, ниту пак имам ингеренции во судската власт во однос на извршување на санкции", вели Јанева во интервјуто.

Во врска со тоа дека Груевски е обвинет и во 5 други предмети на СЈО, и против него се водат уште 4 други предистражни постапки, Јанева вели дека СЈО барало притвор за Груевски, но судот одлучил дека оваа мерка, како мерка за обезбедување на присуство во текот на постапката не била неопходна, па никогаш не му бил определен. Наместо притвор, Груевски се јавуваше на шалтер во судот еднаш неделно.

„Ние повеќе пати, односно два пати побаравме да биде Груевски во притвор за другите постапки, но судот не ги прифати и ние ги почитувам одлуките на судот. Сметавме дека немаме основа да побараме притвор до правосилност на пресудата за случајот „Тенк" и не можеме да го поврземе со останатите случаи, дека тој ќе избега поради пресудата за „Тенк" и нема да можеме да ги завршиме другите случаи.", додава специјалната обвинителка, Јанева.

 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе