Пред да даде исказ

Јанева: Се надевам дека со моите аргументи ќе ја забрзам истрагата

Специјалната обвинителка Катица Јанева изутринава пристигна во Обвинителството за организиран криминал каде што треба да даде исказ за случајот „Рекет“ во кој осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески за рекетирање на бизнисмени.

Јанева на доаѓање во Обвинителство изјави дека се надева оти со нејзиниот денешен исказ ќе помогне да се забрза истрагата за „Рекет“.

„Јас сум се уште специјален обвинител. Моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд. Се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен. Што се однесува до мојата изјава денеска се надевам дека со моите аргументи и мојата изјава ќе ја забрзам истрагата“, рече Јанева.

Јанева, покрај многубројните новинарски екипи ја пречека и адвокатот Стеван Павлески, со кого заедно влезе во обвинителството. Таа не одговори на ниту едно новинарско прашање и покрај инсистирањето на новинарите.

Досега во Обвинителството искази дадоа специјалните обвинители Лиле Стефанова, Елизабета Јосифоска и Бурим Рустеми, а вчера на распит во ООК беше донесен второосмничениот Зоран Милески – Кичеец, како и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески најави дека инволвираните во случајот „Рекет“ ќе бидат неселективно сослушани или распитани.

 

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе