Поранешната обвинителка пред судот

Јанева: „Рекет“ е случај кој се темели на исказ на човек за кого има 14 предмети во СЈО

Катица Јанева денеска во своја одбрана рече дека никогаш како специјална јавна обвнителка му понудила на Орце Камчев олеснување на положбата во било кој предмет кој го водел СЈО. За случајот „Рекет", Јанева посочи дека обвинението се темели на исказ на некој човек против кој има 14 предмети во СЈО и замрзнат имот од 93 милиони евра. 

Ако судот ги прибавеше доказите од „Империја" ќе видеше дека никогаш не му била понудена никаква привилегија или својство на заштитен сведок. Ќе видевте дека тој самиот доаѓа во СЈО и бара да соработува, изјави Јанева. Прашана дали примила парични средства за давање мислење за промена на мерката притвор со куќен притвор и враќање на времената патна исправа на Орце Камчев, Јанева рече дека најодговорно тврди оти од никого никогаш не примила пари за давање привилегирана состојба во предметот „Империја".

Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева пред судот кажа дека е невина и затоа бара да биде ослободена.

„Оваа постапка е монтирана, не само против мене, туку и против целото СЈО. Одговорно тврдам дека никогаш не сум понудила на Камчев олеснување на положбата во било кој предмет на СЈО. Се надевам дека предметите кои ги има во СЈО против него ќе добијат завршница", изјави Јанева.

Таа рече дека ни еден предмет од тие 240 кои тие ги работеле, немал напредок после предавањето во ОЈО.

„Тие што ние ги стававме во куќен притвор, Врховен ги ослободи. Јас сум девет месеци во притвор во мојата земја во која ми е моето семејство, мојот дом, моето сè. Продолжи предметот "Империја". За четири гаранции јас дадов негативно мислење. За барањето на Камчев да биде пуштен во домашен притвор јас дадов негативно мислење. Но, судот тоа не го прифати. И во Гевгелија, на работа и во станот каде што живеев што најдоа? Најдоа само слики од внуката и ништо друго. Орце Камчев два пати беше одбиван да му се вратат македонскиот и бугарски пасош. Јас само дадов согласност за времен пасош. Судот го враќа пасошот, не ние“, нагласи Јанева.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе