Жалбите пред второстепените судии

Јанева поради здравствени причини не дојде на јавната седница за „Рекет“, со писмо ги извести судиите за отсуството

Поранешната специјална јавна обвинителка и неправосилно осудена во случајот „Рекет“, Катица Јанева, не се појави во Апелациониот суд во Скопје кој за денес ја закажа јавната седница по жалбите на Јанева и Бојан Јовановски. За случајот „Рекет“ Јанева доби седум, а Јовановски девет години затвор. Здравствени причини се пречка за Јанева денес да не дојде на закажаната јавна седница. 

Таа со писмо го известила второстепениот суд дека не е во можност да присуствува на седницата. Во писмото е наведено и дека е согласна седницата да се одржи без нејзино присуство. 

За денес е предвидено пред второстепените судии да бидат образложени жалбите на двајцата неправосилно осудени во овој предмет, па потоа во најкус можен рок Апелацискиот суд треба да донесе одлука по жалбените наводи. 

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе