Судечкиот совет одлучи

Јанева останува во куќен притвор, Јовановски во притвор во Шутка

Катица Јанева ќе остане во куќен притвор, а Бојан Јовановски во притвор сѐ до правосилноста на пресудата, одлучи судечкиот совет и судијката Васка Николовска-Масевска, по предлогот од адвокатите на осудените.

„Спрема Бојан Јовановски се продолжува мерката притвор поради истите причини поради кои и е одредена. Судот во Стразбур ја одбил привремената мерка која што ја имал поднесено адвокатот на Бојан Јовановски во однос на мерката притвор, што укажува на тоа дека судот е во правилна насока. Во однос на предлогот за замена на мерката куќен притвор во мерка притвор за Катица Јанева, судот го одбива тој предлог и ја продолжува мерката куќен притвор поради истите причини“, рече судијката Николовска-Масевска.

Претходно, судот донесе пресуда со која го осуди Јовановски на девет години затвор, а Јанева на седум години затвор.
Јовановски побара да му биде одредена поблага мерка со која ќе биде заменет неговиот притвор. Тој и објасни на судијката дека нема да се даде во бегство. Обвинителката Вилма Русковска, пак, побара на Јанева да ѝ биде одреден притвор поради опасноста од бегство поради висината на казната, но и поради тоа што во Обвинителството се води предистрага исто така за злоупотреба на службената положба и овластување.

Адвокатите на Јанева, пак побараа таа да ја дочека правосилноста на пресудата од слобода и наведоа дека нема конкретни дејствија кои укажуваат дека таа би можела да избега.

Јанева беше уапсена на 21 август лани и заврши во притвор, но на 19 ноември тој и беше заменет со куќен притвор.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе