Поради несовесно работење

Јанева остана без работа, веќе не е шефица на СЈО, ниту обвинител во ОЈО Гевгелија

На денешната седница на Советот на јавни обвинители донесена е одлука со која се потврдува дека на шефицата на СЈО, Катица Јанева, ѝ престанува мандатот во тоа обвинителство, но разрешена е и од местото обвинител во Основното јавно обвинителство во Гевгелија.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски, на денешната прес-конференција соопшти дека на денешната седница на Советот на јавни обвинители биле донесени неколку одлуки, меѓу кои и онаа дека е вон сила решението со кое на Јанева ѝ е ставена во мирување функцијата обвинител во ОЈО Гевгелија.

СЈО и ЈО се посебни институции, и со оглед на ова решение Јанева фактички не може да ја врши функцијата, таа е разрешена и останува без работа.

Причината за Советот на јавни обвинители да го укине решението со кое ѝ е во мирување функцијата обвинител во ОЈО Гевгелија, според Колевски е поради нестручно и несовесно работење, односно поради тоа што за неа се води истрага и е во притвор за случајот „Рекет“.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе