Кривичен суд

Јанева не го прифати предлогот на адвокатот од „Титаник 3“, Фетаи и Бубевски остануваат на овој случај

Катица Јанева, шефицата на Специјалното јавно обвинителство одлучи да не ги изземе обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски во предметот „Титаник 3".

На денешното рочиште за случајот „Титаник 3“ адвокатот на одбраната Еленко Миланов побара изземање на обвинителите на СЈО од овој предмет и прекин на постапката. Миланов рече дека постои очигледна конфронтација меѓу шефицата Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски и дека последните случувања во СЈО доведоа до менување на состојбата од последната расправа до денеска.

Судот не го прифати барањето на одбраната за изземање на Катица Јанева од СЈО.

Судњето за „Титаник 3“ е пред крај, а обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои како членови на Општинската изборна комисија во Чаир, според обвинението, на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Судењето за „Титаник 3“ продолжува на 26 август. Судот денеска го одби барањето за графолошкото вештачење на гласовите од гласањето на изборите во 2013 година од страна на одбраната, а одбраната побара распит на двајцата осомничени.

Судечкиот совет за барањето за иземање на Јанева цени дека не може да претставува пречка за процесот, поради самостојноста на СЈО утврдено со посебен закон, како и одредбата од ЗКП за изземање на јавни обвинители.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе