За 1 ТВ

Јанева: Кога некои не можеа да му го споменат името, ние побаравме притвор за Груевски

Кога некои луѓе не можеа да му го споменат името, ние како СЈО побаравме мерка притвор, изјави вечерва специјалната обвинителка Катица Јанева за 1 ТВ. Специјалната обвинителка додаде дека за обезбедување на присуството на Груевски во постапките биле искористени сите правни механизми.

„Ние побаравме притвор за Никола Груевски и ги искористивме сите правни механизми. Очекувам екстрадиција за Груевски, засега сигурно ќе му се суди во отсуство и ние бараме поинтензивно судење на нашите предмети. Но ова нема да го поремети текот на судењата. Груевски не е политичар и не е на висока функција. Слободно се движеше низ Република Македонија и контактираше со медиумите. Постапката за екстрадиција ќе трае и се надевам дека Европа ќе изврши притисок и за Груевски, и за Грујевски и Бошкоски, како и за случајот „Монструм".

Во судска постапка се 20 предмети на СЈО. Јанева вели дека „Тенк" прв се пресуди и не беше избор на СЈО, но очекувано било бидејќи е полесен предмет и за него прво да се добие пресуда.

Во сите случаи СЈО поседува доволен број на докази за сите предмети на СЈО, посочи обвинителката.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе