По потврдената пресуда за „Рекет“

Јанева ќе биде спроведена во затворот во Идризово и по престојот во приемно ќе и се придружи на Јанкулоска

Основниот суд од Гевгелија испрати упатен акт со кој поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева треба да биде спроведена во женскиот дел на затворот во Идризово. Јанева треба да биде однесена да ја издржува седумгодишната затворската казна за случајот „Рекет". Поранешната шефица на СЈО откако ќе влезе во најголемиот затвор во државава прво ќе биде сместена во приемниот дел на затворот, а потоа ќе и се придружи на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која е исто така во овој затвор и ја издржува четиригодишната казната за случајот „Тенк" и на другите жени осуденички. 

Од Судот во Гевгелија за МКД.мк поврдија дека е постапено по донесената пресуда од Апелацискиот суд во Скопје и дека упатен акт и пресуди се испратени до полицијата и до затворот во Идризово.

„Вчера по мејл ни беше доставена пресудата која што Апелацискиот суд во Скопје ја потврди. Ваквиот начин на комуникација е поради пандемијата. Веднаш е формиран предмет од судијата за извршување на санкции и постапено е. Известени се од Полициската станица во Гевгелија од каде треба понатаму да го спроведат актот, но кога тоа ќе биде не би можеле да кажеме", изјави за МКД.мк судијката Злата Попова од Судот во Гевгелија.

Точното време кога полицијата ќе постапи и ќе ја спроведе Јанева во затвор не е потврдено. 

Од затворот во Идризово ни рекоа дека доколку МВР ја спроведе осудената Јанева, тие ќе ја прифатат и ќе биде сместена во приемниот дел на затворот.

Во овој дел на затворот во Идризово Јанева може да остане најмногу до 30 дена, но кога ќе биде префрлена во женскиот дел ќе одлучат одговорните служби од затворот.

Вчера од Истражниот затвор во Шутка во затворот во Идризово беше спроведен и Бојан Јовановски. Ова следи откако Апелацискиот суд во Скопје ги потврди затворските казни за „Рекет“ по што пресудата е правосилна. Боки 13 правосилно е осуден на 9 години затвор, а поранешната специјална обвинителка Јанева на 7.

К.Д.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе