По „Титаник", „Траекторија" и „Маџар Телеком"

Јанева ѝ наложувала да ја затвори „Империја“, Јовески ја овласти Стефанова да продолжи да ги гони Камчев, Мијалков...

Обвинителката Лиле Стефанова ќе продолжи да ја води истрагата за случајот „Империја" која претходно ја водеше, додека овој предмет беше во СЈО. Со овластување на државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески обвинителката Стефанова останува да постапува по овој предмет, потврдуваат од ОЈО за МКД.мк. Токму обвинителката Стефанова предупреди и укажуваше дека претходно и било наложувано од шефицата да се затвори предметот и никој да не оди во затвор.

Во февруари годинава редакцијата на МКД.мк објави три наслови во кои откривме детали од истрагата за случајот „Империја". Според информациите кои тогаш ги добивме, СЈО за случајот „Империја" за перење пари дошло до матичните броеви на многу фирми, во Македонија и во странство, кои имаат слични имиња и чии управители и називи се менувале на речиси 6 месеци.

Едни се затворале, па се отворале нови, а најчесто имињата почнувале и завршувале со буквите од името и презимето на Орце Камчев или некој негов близок. За овој случај почетна точка се прислушуваните разговори на новинарката Оливера Трајковска, Влатко Мијалков, братот на Сашо Мијалков, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Ана Камчева кои биле таргет. Разговорите меѓу овие лица на специјалните обвинители им ги поттикнале сомневањата дека постои криминал и тука почнува истрагата за „Империја“. Доказите го водеа тогаш СЈО до фирми во Америка на кои последен сопственик е Камчев, а потоа трагата на парите води преку други фирми, а парите откако ќе се свртеле по сметките, завршувале пак кај Камчев.

Докази за криминалот во овој случај, СЈО обезбедило и преку ПИ-мерки, односно во периодот од јуни до октомври 2018 ги прислушува осомничените, но не и Сашо Мијалков. Освен овие докази, има и искази на сведоци.

Специјалното јавно обвинителство три месеци по отворањето на истрагата за „Империја“ врз основа на голем број докази успеало да потврди, како што велат од таму, околу 90 отсто од сомнежите за овој случај во кој се осомничени Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Случајот „Рекет“ предизвикува голем интерес во јавноста, бидејќи еден од осомничените е и бизнисменот Орце Камчев, кој наводно им платил 1,5 милиони евра на Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец да го спасат од кривичниот прогон за „Империја", а наводно со наредба на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. 

Специјалната обвинителка Лиле Стефанова, пет часа сведочеше во Обвинителството за организиран криминал, како сведок во случајот „Рекет" откако нејзиното име беше споменато во аудио снимките што ги објави италијанскиот весник „Ла верита".

Откако даде исказ во Обвинителството, Стефанова пред новинарите кусо изјави дека дошла во својство на сведок и дека не може да сподели информации со јавноста, имајќи го предвид нејзиниот статус на сведок.

„Сосема сум свесна за големиот интерес за истрагата „Рекет" и сите допирни точки на истрагата за „Рекет" со истрагата за „Империја". Сѐ што можев да споделам со јавноста јас споделив во даденото соопштение во петокот. Дојдов овде како сведок. Од 9 часот па до сега, отприлика пет часа. Дадов исказ како сведок и сѐ што ми е познато за овој случај го изнесов пред надлежниот јавен обвинител. Имајќи го предвид мојот статус на сведок и тајноста на истрагата не можам да дадам ниту една друга изјава освен она што веќе сум го кажала", рече Стефанова на 13 август пред медиумите.

Со овластување на Јовески, обвинителката Стефанова и понатаму останува надлежна и за предметите што го водеше СЈО, „Титаник", „Траекторија" и „Маџар Телеком".

К.Д.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе