За неовластено снимање

Јанева го тужи Боки 13 за фотографијата на која е завиткана во ќебе со пари пред неа

Катица Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка го тужи Бојан Јовановски затоа што нелегално ја снимал во нејзиниот дом. Јовановски е првообвинет во случајот „Рекет" за кој денеска во Кривичниот суд продолжи презентирањето на дополнителните докази. Тужбата од Јанева притоа беше презентирана во судницата.

Во судница кога се презентираа материјалните докази беше објавена фотографијата од Јанева како седи во дневната соба од нејзината куќа, а пред неа се гледаат банкноти евра.

Фотографијата е направена на 4 април, 2019 година во домот на поранешната шефица на СЈО. Освен парите, има чоколатце, овошје, цигари и шише вода.

Освен на фотографија, Јанева завиткана во ќебе седи на гарнитура и на кратко видео од неколку секунди на кое вели: „Па планираме, а што ќе одлучат, ќе видиме".

По фазата на презентирање на докази следуваат и завршни зборови.

Судењето почна во декември минатата година.

На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. Пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе