Одбраната на осомничената децидна

Јанева е во лоша здравствена состојба, не понудила, ниту и нуделе спогодба за „Рекет“

Здравствената состојба на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева не е добра и таа денес од Истражниот затвор во Шутка ќе биде спроведена на лекарски испитувања и прегледи. Нејзината одбрана за МКД.мк потврдува дека Јанева не е во добра здравствена состојба. Нејзиниот адвокат Дељо Кадиев вели дека Јанева ниту понудила, ниту пак ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и понудило спогодба за „Рекет“. 

Адвокатот Кадиев додава дека дури и да било понудено или некој од обвинетите да понудил спогодба, тоа е информација која е недозволиво да се споделува во јавноста, а тоа уште повеќе што согласно законот, судот не смее да знае за таквите дејствија.

„Мојата клиентка не е осомниченото лице на кое му понудиле или му била понудена спогодба. Јас сум изненаден од начинот на кој ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција зборува за тоа, односно како со леснотија се споделуваат вакви информации кои во текот на оваа постапка не смеат да се изнесуваат, а уште помалку што судот не смее да знае за вакво нешто. Моето прашање до Обвинителството е како споделуваат вакви информации за спогодби, а потоа даваат изјави со тврдење дека ниту еден документ не бил излезен од кај нив?", вели адвокатот Кадиев.

Како што појаснува адвокатот, ако има барање или понудена спогодба, сето тоа како изјава се чува во посебен коверт и недозволиво е да се споделуваат во јавноста детали.

Пред неколку дена адвокатот Кадиев во изјава за МКД.мк рече дека Јанева нема да дава исказ , ниту пак има намера да се спогодува со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Но, вчера Русковска во изјава за медиумите рече дека еден од осомничените за „Рекет“ требало да се спогоди, но тоа не се случило. 

Вчера Русковска отвори нова истрага за „Рекет“, а за денес е најавено дека ќе биде поднесено обвинение до судот против за првата постапка за истрагата заврши, а во која осомничени се Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски. 

К.Д.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе