Случај „Рекет“

Јанева е во Кривичниот суд, се одлучува за барањето за притвор

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева веќе еден час е во Кривичниот суд каде ќе биде изведена пред судија од претходна постапка за да одлучи на барањето на Обвинителството за гонење на организиран криминал за притвор. Во Кривичниот суд пристигна и Вилма Русковска и возило на Брза помош.

Полицијата денеска вршеше претрес во домот на Јанева во скопската населба во Козле, во куќата во Гевгелија и во нејзината канцеларија во СЈО. Одземени се нејзиниот компјутер и мебелот од станот во Скопје.

Обвинителката Русковска бара притвот за Јанева поради основано сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувања и заради стекнување на лична корист. На денешн прес-конференција државниот обвинител Љубомир Јовески информираше дека според досега обезбедените докази има основи за проширување на истрагата за случајот „Рекет“ и врз Катица Јанева.

Засега не се знае за кого е дојдено возилото на Брза помош.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе