Бившата обвинителка си замина со насмевка

Јанева до судиите: Се надевам дека нема да ве исплашат заканите за тресење од гаќи

Воведен говор пред судот даде и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Таа претходно рече дека не чувствува вина за случајот „Рекет“, а во продолжение пред судот обраќајки им се на судиите изрази надеж дека тие нема да се исплашат од заканите за тресењето од гаќи и дека ќе донесат праведна одлука. Оваа реченица Јанева ја употреби во контекст на претходно објавената порака што обвинителката Вилма Русковска ја испрати до апелациските судии, а се однесуваше на донесената одлука на Јанева да ѝ биде укината мерката притвор и да ѝ биде определена мерка куќен притвор.

По завршувањето на воведниот говор обвинетата Јанева на излегување од судница се сопна на скалата и си замина со насмевка отпоздравувајќи ги новинарските екипи што беа во судницата.

Таа тргна да излезе од судница сама, но бидејќи се наоѓа во куќен притвор и до домот мора да биде придружувана со полицајци, пред вратата ја сопре судската полиција, по што ѝ беше укажано дека со полициска придружба ќе биде спроведена до излезот на судот, каде што ќе ја пречека затворско комби и ќе ја однесе до станот каде што ја издржува мерката куќен притвор.

К.Д.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе