Закажано судењето

Јанева, Боки 13 и Кичеец на 3 декември влегуваат во судница за „Рекет“

На 3 декември поранешната специјална обвинителката Катица Јанева, заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски ќе влезат во судница за случајот „Рекет“. Предметото е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска - Масевска. 

„Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека предметот со КОК бр. 116/19 против Б.Ј., К.Ј. и З.М. согласно АКМИС – електронскиот систем е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска – Масевска. Главната расправа по предметот ќе се одржи на 3.12.2019 година во 10 часот за што се доставени и покани до странките, информираат од Кривичниот суд.

Јанева, заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски -Кичеец се обвинети во случајот „Рекет", бидејќи наводно земале мито од 1,5 милион евра од бизнисменот Орце Камчев кој за возврат требало да се спаси од кривичен прогон за случајот „Империја".

 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе