Стражарно приведување на барање на обвинителот

Миле Јанакиески со скршена нога и полициска придружба спроведен на судењето за „Топлик“

Поранешниот министер Миле Јанакиески, кој е обвинет во неколку случаи утрово со полициска придружба, со скршена нога, со штаки беше спроведен на судското рочиште за случајот „Топлик“ во Основниот кривичен суд во Скопје. Тој со образложение дека ја скршил ногата не дојде на минатото рочиште, па обвинителот Бурим Рустеми побара обвинетиот да биде стражарно приведен. Рочиштето беше закажано за денес.

Според обвинението за случајот „Топлик“, првоосомничениот Миле Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Јанакиески подолг период беше во пред, а пред извесно време беше пуштен да се брани од слобода, по што ја скрши ногата.

 

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе