Јанакиески од слобода дојде на „ТНТ“, не знаел ништо за барањето за притвор

Во придружба на адвокатот, обвинетиот Миле Јанакиески пристигна на судското рочиште за предметот ТНТ, објави Телма. Вчера беше укинат притворот на Јанакиески кој трае веќе цели 3 години, а тој е обвинет за повеќе дела. Денеска тој дојде без полициска придружба, но на прашањето што се случува во врска со неговиот притвор кратко одговори дека не знае. 

„Не знам, се што знам е од медиумите“, рече Јанакиески. 

Обвинителката Вилма Русковска најави дека ќе бара притвор поради можност за бегство на Јанакиески бидејќи има повеќе обвиненија и првостепена пресуда од 6 години и 3 месеци затвор за организација на собраниските насилства на 27ми април.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не било информирано за укинатиот притвор.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе