Јанакиески од „Шутка” спроведен во домашен притвор

Поради здравствени причини поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески вечерва од Истражниот затвор во Шутка е спроведен во домашен притвор. 

Адвокатот на Јанакиески, Еленко Миланов за Сител потврдил дека притворот му е заменет со домашен притвор со одлука на Апелацискиот суд, кој вчера ја разгледувал жалбата на одбраната за последното продолжување на 30-дневниот притвор.

Јанакиески беше приведен по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал, заедно со уште неколку лица, поради соменение за незаконска продажба на државно земјиште во центарот на Скопје, случај познат како „Шпански скали”.

Јанакиески, покрај за продажбата на државното земјиште, е осомничен или обвинет и во неколку предмети на СЈО, како и за организирање на настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе