Кривичен суд

Јанакиески обвинет и во случајот „Шпански скали“, „Миле е за сѐ крив, па ајде и во ова обвинение“

Вчера во скопскиот Кривичен суд се одржа првото рочиште за случајот со четирите атрактивни парцели на скопскиот плоштад познат како „Шпански скали“. Првообвинет и во овој случај е Миле Јанакиески, поранешниот министер за транспорт и врски. Миле е за сѐ крив, па ајде и во ова обвинение, рече Јанакиески на почетокот на ова рочиште и се изјасни дека е невин.

Според обвинението обвинетите предизвикале штета од 2,6 милиони евра. Јанакиески е обвинет дека како министер не ги раскинал 4 договори  за оттуѓување на градежно земјиште во центарот на Скопје ниту наплатил пенали. За злоупотреба на службената положба и овластувања обвинети се и Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Митревски претседател на општински комитет на оваа партија во Аеродром, правобранитлеката Емилија Радојкова, двајца нотари и уште 5 мина други вработени во Министерството за трнаспорт и врски, Катастар и сопственик на фирма.

„Поминати се 10 години, земјиштата се отуѓени на физички и правни лица, ниту се почнати градбите ниту се плаќани камати“, изјави обвинителката Ивана Рајчева.

Обвинетите се товарат дека склучиле договори за продажба на државно земјиште на кое требало да се изградат хотелски комплекси, а една од парцелите била наменета за изградба на „Шпанските скали“, но во 2018 година општина Центар го поништи одобрението за градба.

„Обвнителниот акт е неоснован и им се суди на таргетирани личности“, рече Миле Јанакиески. Тој рече дека за ова не се одговара кривично, туку се води граѓанска постапка и праша зошто и неговите наследници не се обивнети бидејќи ни тие не ги раскинале договорите.

Обвинителството пак најавува дека со многу докази ќе го докаже спротивното.

„Ќе докажеме дека министерството постапило законски, а јас како министер не сум можел да ги следам сите над 1.000 договори кои беа склучени додека бев министер. За тоа имаше посебен сектор“, рече Јанакиески.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе