ОЈО за организниран криминал

Јанакиески на распит кај Рускоска за насилството во Собранието

Екс министерот, Миле Јанакиески, кој се наоѓа во куќен притвор, е на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција во врска со истрагата за 27 април. Тој е осомничен за организирање на насилниот упад во Собранието. Претходно на распит беше повикан и поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски.

Обвинителството пред два месеци отвори истрага за организаторите и нарачателите на насилниот упад во Собранието што се случи на 27 април 2017 година.

Во оваа постапка освен Вељаноски, осомичени се и екс премиерот Никола Груевски, екс министерот Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски како и Никола Бошковски, вработен во УБК кој се бара со потерница.

Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска во изјава за медиумите завчера рече дека до крајот на мај очекува обвинение за нарачателите на насилството во Сборанието. 

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе