Јанакиески ќе го предложи Иванов како сведок за „крвавиот четврток“

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески кој е обвинет во случајот за организирање на настаните од 27 април рече дека жали што сите осомничени не се тука, а тој е веќе 16 месеци во притвор. Тој рече пред судот дека е исправен бидејќи е убеден дека ќе ја докаже својата невиност. 

„Ако чекориш по патот на правдата, ќе дојдеш до правната цел", е мислата што ја цитираше Јанакиески на почетокот на воведниот говор. 

Зборувајќи за доказите и сведоците што ќе ги повика на сослушување за да ја докажува својата невиност, тој го најави и предлогот да биде повикан поранешниот претседател, Ѓорге Иванов.

Тој најави дека како сведоци ќе повика и обвинители кои првично го воделе случајот „27 април", како и тогашното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Преку базните станици кои ќе ја покажат локацијата на мобилните телефони, Јанакиески тврди дека ќе докаже оти не биле со Нинџа во исто време во штабот на ВМРО-ДПМНЕ за кога Нинџа тврдеше дека слушнал како се даваат насоки. 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе