По четири години од судскиот процес

Јанакиески и останатите обвинети во случајот со „Насилство во Центар“ денес на пладне ќе ја чујат пресудата

По четири години од судски процес напладне во Основниот кривичен суд во Скопје ќе биде изречена пресудата во случајот „Насилство во Центар" каде е обвинет поранешениот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Јанакиески во завршен збор вчера ги отфрли обвинувањата против него и побара ослободителна пресудата и тврдеше дека Обвинителството не докажало дека ги извршил кривичните дела за кои се гони. 

Според обвинетиот Јанакиески, Обвинението отсликува толкуван разговор од објавените „бомби" и дека истото е креирано според исказот на осудениот сведок Томислав Лазаров.

Јанакиески на рочиштето го праша судот дали треба да се најде жртвено јагне за да ја понесе одговорноста за постапките на Груевски, по што додаде дека е свесен какво влијание имале аудиоснимките кај јавноста, која го осудила уште при нивното објавување.

Неговата одбрана побара тој да биде ослободен од обвинение пред донесувањето на поресудата, а доколку тоа не се случи адвокатот Димитар Дангов побара од судот да донесе ослободителна или одбивателна пресуда за Јанакиески. 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе