Електронската комуникација дел од предметот

Јанакиески и Канческа-Милевска разменувале пораки кои се дел од доказите за „27 април“: „Миле има нешто ново“

Електронска комуникација меѓу обвинетиот Миле Јанакиески и поранешната министерка за култура, Елизабета Канчевска-Милевска, денеска беше презентирана на рочиштетот за случајот во кој им се суди на обвинетите за организирањето на настаните на 27 април во Собранието. 

Материјалните докази објавени од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го опфаќаа период од 21 февруари 2017 година.

Интегралното читање на пораките меѓу обвинетиот Јанакиески и Канчевска – Милевска, обвинителката Рускоска, го почна со порака пратена до Јанакиески од Милевска, „Миле, има нешто ново", при што тој му одговара, со „не".

Во продолжение на пораките меѓу Јанакиески и Канчевска, се збори и за уметници од разни градови од државата. Обвинетиот Јанакиески, во една од пораките до Канчевска, се жали за озвучувањето на еден протест пред Владата.

Според доказите што ги читаше обвинителката Рускоска, наведените лица се договарале Владо Јовановски, да се обрати на еден настан.

Освен за Јовановски, тие се допишувале и дека на овие настани треба да се обратат познати лица и доктори.

Разговорите на оваа тема се одвивале на 27 февруари 2017 година.

Слични разговори имало и после овој период, односно Канчевска, го информира обвинетиот Јанакиески, дека пред Собрание ќе биде топ.

Дел од барањата на Милевска кон обвинетиот Јанакиески, се и барањата за обезбедување на свирчиња и труби.

Освен електронската комуникација тие, како што произлезе од денеска презентираните докази имале средби и во седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Во една од пораките меѓу нив се вели дека „срамота е зошто докторите и професорите ги нема".

Судењето за овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Вилма Рускоска.

Во овој предмет обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директорот на УБК Владимир Атанасовски.

Според обвинението тие се осомничени за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе