Кривичен суд

Јанакиески и Божиновски не се појавија во суд, „Титаник“ продолжува на 5 јули

Судењето за изборни нерегуларности за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство продолжува на 5 јули, откако денешното рочиште се одложи поради отсуство на обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски кои се наоѓаат во домашен притвор.

Случајот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и досега се изведени околу 4.000 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО. Предметот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе