Обивнителката Вилма Русковска во телефонски разговор вели дека не се известени за одлуката на Апелација, но дека сега ќе мора да интервенира со ново барање за притвор поради опасност од бегство. Токму денеска, вели Русковска, е поднесена и жалбата на пресудата за настаните од „27- ми април" во Собранието со која се бара повисоки казни за обвинетите меѓу кои е и Миле Јанакиески. Со неа тој е осуден на 6 години и три месеци затвор за Терористичко загрозување на уставниот поредок.
За ексминистерот Јанакиески, после три години, скопскиот Апелациски суд одлучи дека мерката куќен притвор треба да ја замени со мерки за претпазливост и тоа забрана за напуштање на државата и Скопје, обвинетиот да се јавува во Суд и му даде забрана за издавање на нов пасош
Инаку Јанакиески пак има правосилна затворска казна од 6 месеци и 3 години како организатор на инцидентите во Собранието од 27 ми април.
При изрекувањето на оваа пресуда, не можеше да се изрече и мерка притвор како на останатите осудени Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски и покрај тоа што обвинителстовто сметаше дека има опасност од бегство но за Јанакиевски притвор веќе имаше. Тие се уште се во домашен притвор бидејќи кривичниот суд процени дека после пресудата може да избегаат.
Утре продолжува судењето против Јанакиески за ТНТ кое е во завршна фаза.