По денешното апсење

Јакимовски пред суд порача: Не им се плашиме, ќе ги тепаме (ФОТО)

„Не им се плашиме, ќе ги тепаме“, порача денес од суд ексградоначалникот на општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, при излез од старата во новата зграда на Кривичниот суд во придружба на полицијата. Тој качувајќи се по скалите покажа два прста и извика: „Ќе ги тепаме, не им се плашиме", но не одговори на прашањето од новинарите на кого точно мисли.

Јакимовски утрово беше уапсен и изведен пред судија на претходна постапка.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за него побара мерка притвор, и тој во судот ја чека одлуката. 

Приватизација и продажбата на земјиштетото кај поранешниот ресторан „Имес" во општината Карпош е предмет на истрагата поради која утрово е приведен поранешниот градоначалник Стевче Јакимовски, потврди утрово обвинителката Вилма Рускоска за МКД.мк.

Според обвинителката, Јакимовски е осомничен за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување за што биле поднесени 4 кривични пријави и за него и за двајца вработени во општината се бара притвор, додека шестмина инвеститори се повикани на разговор и за нив се бараат мерки на претпазливост.

ФОТО: Роберт Атанасовски 

 

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе