Поранешниот градоначалник приведен за злоупотреба на службена положба

Јакимовски осомничен за продажба на земјиште кај „Имес“, Рускоска бара притвор

Приватизација и продажбата на земјиштетото кај поранешниот ресторан „Имес" во општината Карпош е предмет на истрагата поради која утрово е приведен поранешниот градоначалник Стевче Јакимовски, потврди обвинителката Вилма Рускоска за МКД.мк. Според обвинителката, Јакимовски е осомничен за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување за што биле поднесени 4 кривични пријави и за него и за двајца вработени во општината се бара притвор, додека шестмина инвеститори се повикани на разговор и за нив се бараат мерки на претпазливост.

Еден од изведувачите на ова земјиште е и Елена Лука. 

Како што веќе објавивме, по налог на јавен обвинител утрово е приведен поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош и претседател на партијата ГРОМ, Стефче Јакимовски. 

Јакимовски ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд, по што ќе се одлучи за барањето за негов притвор.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција најавија детално соопштение за подоцна. 

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе