петок, 10 мај 2024
Градоначалничката му одговори на техничкиот премиер

Арсовска за неискосената трева во Владата: Џафери треба самиот да си го уреди дворот

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска преку Фејсбук упати брз одговор на тврдењето на техничкиот премиер дека косењето на „џунглата“ од трева во дворот на Владата е во надлежност на службите на градот. „Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно“, му порача Арсовска.

Објавено на

часот

Сподели

„На денешната прес конференција во Влада, ВД премиерот Талат Џафери избегнува одговорност и манипулира со некакви процедури само за него познати, лажејќи дека сопственост и надлежност на Град Скопје и ЈП “Паркови и зеленило“ било да се грижи за зеленилото во Влада.
Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од в.д. премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува.
ЈП Паркови и зеленило ги одржува градските булевари и паркови површини кои се надлежност на претпријатието согласно Закон, а ако сака ВД премиерот Талат од Форино да ги ангажира да работат во Влада за истото треба да си склучи Договор, исто како и секоја друга институција во Македонија“, напиша градоначалничката на Скопје.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ