Судењето за прислушувањето прекинато

Јакимовски од судница заврши во болница, „Таргет-Тврдина“ продолжува на 19 април

Обвинетиот Тони Јакимовски од судница заврши во болница. На денешното рочиште за „Таргет-Тврдина" на кое тој вкрстено го испрашување сведокот Звонко Костовски, на обвинетиот му се слоши, по што беше повикано возило на Итната медицинска помош.

Јакимовски кој се наоѓа во затворот во Куманово и претходно нагласи дека не се чувствува добро, односно дека има висок притисок.

Судијката Џенета Бектовиќ го праша дали може да продолжи, а тој рече ќе се потруди да биде сконцентриран и му поставуваше прашања на Костовски.

Но поради лошата здравствена состојба на обвинетиот Јакимовски, тој заврши во болница, а судењето беше презакажано за 19 април.

Во предметот „Таргет-Тврдина" на СЈО се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви.

Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

 

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе