Поднесено обвинение и барање за продолжување на притворот

Јакимовски бил непресметлив кога и се заканувал на поранешната сопруга и на новинарката Јордановска

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд поднесе обвинение против Емил Јакимовски кое се однесува на заканите кон неговата поранешна сопруга, но и кон новинарката Мери Јордановска. Но, според официјалното соопштение на Обвинителството резултатите од вештачењето спроведено по наредба на јавниот обвинител во текот на истражната постапка покажале дека обвинетиот ги сторил делата во состојба на битно намалена пресметливост за да го сфати значењето на делото и да управува со своите постапки.

„Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство) и за едно кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 (по пат на информатички систем). Првото дело кое му се става на товар обвинетиот го сторил на начин што со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, притоа искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тој, како поранешен сопруг на една оштетена, при вршење семејно насилство и ја загрозил сигурноста со сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело и врз животот и телото на нејзино блиско лице – нејзиниот татко. Обвинетиот се товари дека второто дело го сторил на 10 јануари, кога по пат на информатички систем и се заканувал на оштетена дека ќе изврши кривично дело –Убиство за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. Заканите ги упатувал преку пораки и мобилни апликации, па оштетената се почувствувала дека и е загрозена личната сигурност", се вели во соопштението на Обвинителството.

Првата пријава се однесува на неговата поранешна сопруга, а втората на заканите кон новинарката Мери Јордановска за кои регираа и од ССНМ и од ЗНМ. 

Истражната постапка за истото лице беше поведена и за кривично дело – Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5, но за ова дело не е поднесено обвинение, бидејќи во текот на постапката се утврди дека Решението на Основниот граѓански суд Скопје со кое била издадена наредба – Привремена мерка за заштита на правата на оштетената од семејно насилство се уште не е правосилно.

За заканите кон новинарката Искра Коровешовска Обвинителството утврдило дека не постојат елементи на кривично дело, туку дека станува збор за клевети и навреди и ја упатуваат дека може да поведе граѓанска постапка.

„Исто така, обвинителството ги истражуваше и наводните закани кои лицето ги упатувало кон друга оштетена, но притоа се утврди дека во нив не постојат елементи на кривично дело, туку дека станува збор за клевети и навреди за кои оштетената може да поведе граѓанска постапка", соопштуваат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, ценејќи дека постои реална опасност тој да се даде во бегство за да ја избегне кривичната одговорност.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе