Основен суд Скопје 1

Изземање на судијката побара одбраната во случајот со убиството на Саздовски

Изземање на судијката Даниела Алексовска-Стојановска од Основниот суд Скопје 1 побара денес одбраната во постапката за убиството на Никола Саздовски. Причина за ваквото барање на адвокатите на обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири беше повиканиот технички советник. Одбраната побара одложување на рочиштето за вештакот да се запознае со предметот, но судот предложи вештакот да добие 2 часа за да се подготви. 

По ваквиот предлог даден од судот, одбраната побара изземање на судијката со образложение дека им го ускратува правото на одбрана. 

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев треба да одлучи дали ќе го прифати или одбие барањето на одбраната во овој предмет. 

На 7 февруари беше извршна реконструкција на убиството на Саздовски во присуство на сведоците и вештите лица на автобуската постројка во Автокоманда.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид" на булеварот „Александар Македонски" во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза".

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје" во Шутка, а за трето осомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе