Известувањето од Катица Јанева, заедно со полномошно, стигна и до државното Јавно обвинителство

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставил известување од јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое го примил преку КПУ Затвор Скопје-Скопје.

„Во известувањето се наведува дека јавниот обвинител за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ги овластува јавните обвинители во тоа обвинителство кривичните предмети да ги предадат во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија”, соопшти Јавното обвинителство.

Во Обвинителството, како што стои во соопштението, примено е и известување со барање информации од СЈО, во кое е приложено и доставеното полномошно.

Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија велат дека ќе ги разгледаат овие поднесоци, по што јавноста ќе биде известена.

Денеска специјалната обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во КПУ Затвор Скопје-Скопје како осомничена за случајот „Рекет”, дала полномошно сите предмети на СЈО да бидат предадени на Јавното обвинителство на РСМ. Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе