Не е прифатено барањето за декласификација

Извештајот за разрешувањето на Јанева останува таен, одлучи Советот на јавни обвинители

Советот на јавните обвинители донесе заклучок со кој  не го прифати барањето за декласификација на извештајот за поведената постапка за разрешување на Катица Јанева, кое е поднесено до Собранието. Во образложението пишува дека таквата одлука е донесена бидејќи истрагата за Јанева е сè уште отворена и класифицирањето е за да се заштитат правата на лицата од Извештајот.

„Извештајот за утврдена фактичка состојба, број 03-133/6 од 29.8.2019 година, поднесено до Собранието на Република Северна Македонија, не може да се прифати со оглед дека Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција сè уште води истражна постапка за актуелниот предмет оформен против специјалната јавна обвинителка и од тие причини потребно е да се заштитат правата на лицата што се наведени во извештајот или да се спречи недозволено влијание во ова постапка", пишува во обрзложението на Советот. 

Седницата на собраниската Комисија е закажана за утре. 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе