Избегал Никола Војминовски осуден за обидот за убиство на Села

Никола Војминовски првостепено осуден на затворска казна од 13 години и 6 месеци за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април 2017 година во Собранието, не бил пронајден дома по рутинска контрола на полицијата. Информацијата ја потврдија од Кривичниот суд наведувајќи дека по него е распишана и меѓународна потерница.

„Надлежната полициска станица која врши надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор, го извести судот дека обвинетиот не се придружувал до определената мерка. По добиеното известување, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое на обвинетиот му се определува мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, а воедно издадена е и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница“, наведуваат од судот.

Никола Војминовски се наоѓаше во куќен притвор до правосилност на пресудата.

Инаку, Војминовски беше еден од сведоците на обвинителството за насилството од 27 април, поточно за случајот терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Пред судот Војминовски сведочеше дека поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов ги слушнал како зборувале дека единствен начин да се стави крај на парламентарното мнозинство е да се отворат вратите на Собранието. Дел од разговорот помеѓу нив бил и тоа дека решението е толпата да влезе внатре и Иванов да прогласи вонредна состојба.

Целото негово сведочење можете да го прочитате TУКА.

 

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе