Избега и Дацо Белски, поранешен телохранител на Мијалков

Драганчо Стоименов или познат како Дацо Белски, поранешен телохранител на Сашо Мијалков, избегал од домашен притвор.

При последната проверка на полицијата во текот на вчерашниот ден, било утврдено дека тој не е дома.

„На лицето судот му одредил мерка куќен притвор и според надлежноста полицијата неколку пати во текот на денот прави проверки. При последната проверката извршена вчера е констатирано дека лицето не е дома односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш е известен судот. По наредба на судот веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

Стоименов по три месеци во бегство, во април годинава им се предаде на органите на прогонот по случајот со пукањето во Драган Здравев во угостителскиот објект „Аква" во Кочани и неговото ранување. Стоименов во јануари стрелаше и го рани 33-годишниот Драган Здравев – Дач, во кафеана во Кочани.

Тој на македонската јавност ѝ е познат и по случајот Детонатор, во којшто беше клучен сведок, а во кој за рекетарство, перење пари, поставување бомби и нелегални покер апарати на обвинителната клупа седнаа 16 лица од Кочани и Виница. Тоа беше повод и да се сменат вкупно 13 полициски командири, меѓу кои и тогашниот началник на СВР-Штип.

 

 

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе