Иван Џолев утре ќе проверува дали исказот на Орце Камчев стигнал во судот

Во Кривичниот суд утре ќе се проверува дали записникот од сведочењето на Орце Камчев за случајот „Рекет" воопшто стигнал до судот, за да потоа се види дали можеби протекол од таму.

„Утре ќе провериме дали во судот бил испратен записникот“, изјави Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд.

Вчера од Обвинителствот за гонење на организиран криминал и корупција појаснија дека Камчев не добил копијаод неговото сведочење, а копии од записникот испратиле во Кривичниот суд, со барањата за притвор на осомничени во „Рекет“.

Обвинителката Вилма Русковска ја потврди веродостојноста на првата страница од сведочењето на Камчев објавена по медиумите.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе