Основен суд Скопје 1

Истражниот затвор во Шутка не го спроведе Јанакиески на суд, „Топлик“ одложен

Екс министерот Миле Јанакиески денеска не беше спроведен од Истражниот затвор во Шутка на рочиштето за случајот „Топлик" во Кривичниот суд. Од притвор не беше донесен ниту обвинетиот Димитар Димовски. Судијата Осман Шабани рече дека Судот доставил уредно барање за спровод на Јанакиевски и Димовски и дека не знае кои се причините зошто не се на рочиштето.

На судењето отсутен беше поротникот кој е дел од советот на судијата Шабани, па следното рочиште е закажано за 6 септември. 

Во предметот „Топлик" првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град" во Сопиште. Покрај него, осомничени се уште пет лица.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град" во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе