По вчерашното притворање

Инцидент во затворот Шутка, поранешните министри Јанакиески и Ристовски тепани од притвореник од Диво Насеље

Од вчера притворените поранешни министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, денеска биле повредени во истражниот затвор во Шуто Оризари во Скопје. Неофицијално, двајцата биле нападнати за време на прошетката во дворот на затворот. Eден од напаѓачите бил Лирим Красниќи, осомничен од случајот Диво Насеље, претходно осуден на 30 годишна затворска казна.

Директорот на затворот Ѓоко Котевски рече дека за овој инцидент ќе има соопштение. Од затворот до Кривичен суд било испратено известување за инцидентите и утре судија ќе оди во посета на приведените.

Јанакиески и Ристовски од вчера се во притвор во случајот „27 април“, а осомничени се како организатори на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

Вчера обвинителката Вилма Рускоска побара притвор за Спире Ристовски, Миле Јанакиески и Никола Бошкоски и Никола Грујевски, кои се во бегство. За поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељаноски се чека одлука на законодавниот дом за одземање на пратеничкиот имунитет.

К.Д.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе