Доказите го одведоа СЈО до старите папки (2)

„Империја“ отвори и предмети за Камчев од 2003, биле затворени поради немање на докази

Разговорите од „бомбите“ што ги воделе Оливера Трајковска, Миле Јанакиески, Ана Камчева и Влатко Мијалков го одведоа СЈО до „Империјата“ на Орце Камчев и Сашо Мијалков, каде што клучна година е 2009. Но следејќи ја трагата на доказите, обвинителите на СЈО се враќаат и назад во 2002 и стасуваат до папките на стари предмети во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во Скопје. Главен осомничен во овие предмети е Орце Камчев, а првиот отворен предмет е за локација зад „Рамстор“.

Штетата што била направена во овој предмет е 5,9 милиони евра, а предметот застарува во 2023. Предметот бил затворен поради немање докази, но СЈО сега по долги години ги отвора старите докази и поткрепувајќи ги со нови, започнува истрага, која сè уште трае.

Случај што повторно е отворен е истрагата за пропаѓањето на Орка-спорт, Орка-текстил и други фирми на сега покојниот Илија Камчев. Го избегнуваат данокот преку лажен стечај, го обезвреднуваат имотот и формираат офшор-компании.

Преку нив потоа префрлаат пари на новоформирани фирми што се префрлаат во земјава.

Во овој предмет, според она што СЈО го посочува, фирмата Орка текст се преименува во Орка холдинг. Тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски, испраќал писма до Владата, а и до судот, да не дозволат затворање на фирмите бидејќи, како што вели СЈО, биле должници. И покрај заложбите и борбата на УЈБ фирмите да не се затвораат и да може да се наплати долгот, стечајот бил отворен.

Наместо парите што требало да ѝ бидат исплатени на УЈП, а кои според Управата за јавни приходи изнесуваат најмалку 22 милиони евра, УЈП морала да зема стока од магацините на фирмите, во која имало патенти, конци, костими за капење... и да ја продаваат.

Предметот завршил со изјава за прекин на гонење поради немање докази.
Доказите и сметките го водат СЈО кон тоа дека овие 5,9 милиони евра се пари што влегле во Македонија преку разни фирми.

Иако овие предмети се дел од „Империја“, сепак бидејќи се работи за стари предмети, од СЈО велат дека најдобро е во постапка да се одвојат и да одат самостојно.

Кој ќе постапува по нив и дали СЈО ќе продолжи да ја докажува „Империјата“ на осомничените и во судска постапка, ќе зависи од одлуката на Собранието на Република Македонија.

                                                                                                                  К.Додевска

                                                       (Продолжува)

Дел 1: СЈО во трага на сметките на фирмите на Камчев, како се „переле" парите во Империја

Дел 3: Истрагата на СЈО се проширува и за „Графички Центар" и „МПМ"

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе