Нов прекин или обид за бегство?

Игор Спасов не се врати во „Идризово“, затворот не добил известување каде е осудениот специјалец

Специјалецот Игор Спасов во петокот, кога му измина рокот за оправдан прекин на издржување на затворската казна, не се појавил во затворот во Идризово, ниту пак е испратено писмено известување за нов прекин и негово оправдано отсуство, потврди за МКД.мк директорот Боби Мојсовски. Првиот човек на најголемиот затвор во државава вели дека уште во понеделникот се обратиле до судот во Штип и до Управата за извршување на сакнции и ги известиле дека осудениот Спасов не се појавил во затвор на 18 октомври кога му завршувал рокот за оправданиот прекин. 

„Испратено е известување до судот во Штип дека Игор Спасов не се појавил во затвор. Од судот до сега редовно ни беше испраќано известување за прекин на издржување на затворската казна кој завршуваше на 18 октомври, во петокот“, изјави директорот Мојсовски. 

До денес од Основниот суд во Штип до затворот во Идризово нема испратено никакво известување, иако за сите досегашни прекини на издржување на затворската казна затворот уредно беше известуван од судот. 

Редакцијата на МКД.мк се обиде да добие одговор од Основниот суд во Штип, но на фиксните телефони никој не ни одговори. 

Испративме и имејл на кој чекаме да ни биде одговорено во врска со прекинот на осудениот Игор Спасов и зошто нема известување од судот, на кој доколку добиеме одговор, дополнително ќе биде објавен. 

Дали се работи за административна грешка, или се работи се нешто друго, чекаме одговор. 

Во случај  институциите да не знаат каде е Игор Спасов, судот ќе треба да ги алармира во МВР и ќе биде распишата потерница, а затворот ќе го води Спасов како осуденик во бегство. 

Но, одговорот треба да го дадат од судот. За сега, според официјални информации нема испратено никако известување ниту до МВР во врска со осудениот. 

Откако на 18 август годинава му истече прекинот на издржување на затворската казна, Спасов повторно со поднесена медицинска документација доби нов прекин кој траеше до петокот. 

Поранешниот специјалец Спасов е осуден за убиството на Мартин Нешковски.

Тој до 18 август годинава една година е на слобода, наместо во затворот во Идризово.

Со медицинската документација која ја поднесува до судот од август, 2018 година, а оттаму ја прифаќаат, веќе втора година со здравствените причини го оправдува своето отсуство и не се враќа во затворската ќелија во најголемиот затвор во државава.

Осудениот Спасов во затвор требаше да се врати откако ќе му заврши лекувањето, но во петокот не дојде. Не е дојден нуту за викенд, ниту до денес, а од затворот не знаат каде е, ниту пак некој ги известил. 

Прекинот на издржувањето на затворската казна не му се засметува во отслужувањето на затворска казна.

Поранешен припадник на „Тигрите" беше осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Тој има досега отслужено шест години затвор.

Полицискиот специјалец Игор Спасов тврдеше дека не го убил Нешкоски и дека е подготвен тоа да го докаже со полиграфско тестираше.

Спасов тврдеше дека на плоштадот бил службено и дека последен пат кога го видел Нешкоски тој бил жив.

Пред судот раскажа дека не го познавал Нешкоски и дека немал никаков мотив за да го убие.

Тој не негираше дека го удрил Нешкоски, но не со тупаници и шлаканици, туку само со клоци по половината, бидејќи мислел дека момчето симулира дека е во бесознание.

Откако се обидел да го крене од земја, сфатил дека момчето ја загубило свеста, па зел вода, го испрскал и му удрил неколку шлаканици за да го освести. Во меѓувреме таму дошле двајца униформирани полицајци и обезбедувач од фестивалот Баскерфест".

Поранешниот припадник на полициските тигри Игор Спасовски, неколку пати беше на распит кај обвинителите на СЈО каде водат предистражна постапка за овој случај.

Овој предмет сега е предаден во Основното јавно обвинителство во Скопје. 

 

К.Д.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе