После екс генералниот секретар на Владата, Рашковски

И сопствениот на фирмата што го набави софтверот со кривична пријава против обвинителката Русковска

Откако поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски кој е обвинет во случајот „Софтвери" поднесе кривична пријава против обвинителката Вилма Русковска, денеска истото го направи и Даниел Станчев сопственик на фирмата „Инвока груп" преку која е набавен софтверот за контрола во сообраќајот. И двајцата тврдат дека Русковска ја злоупотребила својата функција и извршила неколку кривични дела. Претходно Станчев, кој за Владата ги набави софтверите за мерење брзина на возилата, поднесе претставка и кривична пријава и против обвинителката Ивана Трајчева.

Во дописот што до јавноста го испрати денеска Станчев, меѓу другото пишува дека Русковска, како јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција (ОЈО ГОКК) со искористување на својата службена положба и овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување издала наредба за прибирање на документација во приватна здравствена установа за спроведен медицински преглед и за здравствената состојба на Станчев, иако знаела дека таквата наредба е надвор од нејзините овластувања при што како основа за издавање на таквата наредба злоупотребила веќе затворена истрага.

„Пријавениот под закана дека ќе посегне по имотот на приватната здравствена установа, иако знаел дека нема законско овластување за таква активност ги присилил вработените да и ги достават бараните податоци. Со тоа излегол надвор од своите овластувања и постапил спротивно на Законот за здравствена заштита вршејќи инспекциски надзор над работата на здравствена установа, како и надвор од своите надлежности вршејќи инспекциски надзор за примена на Законот за здравствена заштита, иако таа надлежност му припаѓа на државниот санитарен и здравствен инспекторат. Пријавениот прибрал чувствителни лични податоци за здравствената состојба на оштетениот, иако за истото немал законско овластување, спротивно на Законот за заштита на лични податоци и спротивно на Кривичниот законик прибавил "Посебни категории на лични податоци" кои податоци се однесуваат за здравствената состојба на оштетениот без за тоа да постои оправдана причина и без за истото да прибави посебно одобрение согласно Законот за заштита на лични податоци", пишува во дел од кривичната пријава на Станчев.

Претходно, сопственикот на фирмата „Инвока груп", Даниел Станчев, кој за Владата ги набави софтверите за мерење брзина на возилата, за кој е обвинет заедно со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски поднесе претставка и кривична пријава и против обвинителката Ивана Трајчева.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе