Случај „Монструм“

И седум години по петкратното убиство, кај Смилковско Езеро има црква, нема виновен

Денеска се навршуваат седум години од петкратното убиство кај Смилковското езеро. На 12 април 2012 година, Велики четврток, беа убиени петмина скопјани додека ловеле риба крај езерото.

Убиени беа четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници. Од Министерството за правда се уште чекаат одговор на барањето за нивна екстрадиција од Косово.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка. Во досегашниот тек од постапката беше извршен јавен увид во возилото „опел омега“, беа сослушани вештаци од МВР, судска медицина и балистика. На последното рочиште јавноста беше исклучена бидејќи се презентираа докази обезбедени со посебни истражни мерки.

 На 23 февруари 2013 година во близина на брегот на Смилковско езеро, на местото Кршиколе или Крст, осветен е камен темелник на црквата „Св. 40 Маченици“, која е посветена на убиените момчиња. 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе