И ОЈО отвори предмет за „Беса транс“

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера изјави дека во Основното јавно обвинителство Скопје е отворен предмет за „Беса транс“ и дека податоците што ги собираат на барање на бугарските обвинители, во исто време ги користат и во делот на тој предмет, а со цел расчистување на сите ситуации поврзани со несреќата, од документација за автобусот, до тоа како тој ги поминувал границите.

„Ние ги прибираме потребните документации, а потоа ќе донесеме соодветна одлука. Веднаш по сообраќајната несреќа документацијата од команијата „Беса транс“ е одземена. Ве уверувам, за кое било лице, доколку има основ, Обвинителството ќе отвори постапка“, изјави Јовески.

Државниот јавен обвинител на вчерашната прес-конфернеција со бугарските обвинители во Скопје, рече дека се обезбедуваат и други докази, а се продолжува и со сослушување на други лица кои може да дадат сознанија за расчистување на трагичниот настан.

ДНК-профилите за идентификацијата на жртвите во автобуската несреќа во Бугарија, заедно со записници за испитување на осум сведоци, како и целокупната документација за автобусот од компанијата „Беса транс“ и Министерството за транспорт, вчера беа предадени на бугарските обвинители од страна на Јавното обвинителство на Македонија.

Истражителот во Националната истражна служба на Република Бугарија, Младен Христов Петров, на прес-конференцијата изрази сочувство за семејствата на жртвите и посочи дека блиската меѓусебна соработка, постојана комуникација, и постојаната деноноќна работа од моментот на несреќата до сега, овозможиле за брзо време да се дојде до солидни резултати и можност за брза идентификација.

Петров посочи дека се работи на сите верзии кои не се отфрлени, но, бидејќи несреќата е голема и се собираат многу докази, во ваква ситуација истрагата треба да продолжи и не може да се даде дефинитивна верзија за причините за несреќата.

„Сопственикот на фирмата е сослушан во раните часови. Со него интензивно се соработува на територија на Северна Македонија и тој е достапен на надлежните институции“, изјави Петров.

Заменикот окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник, Бисер Јорданов Михајлов, изразувајќи сочувство на роднините на жртвите, посочи дека координацијата меѓу судските и државните власти на двете земји и меѓусебната соработка е на високо ниво.

„Откако се случи несреќата, институциите постојано соработуваат и работата на расчистување на случајот. Ќе продолжиме со исто темпо и по ДНК анализата телата ќе бидат вратени во најбрз можен рок“, изјави Михајлов.

Прашан дали патот и лошата сообраќајна сигнализација се можни причини за несреќата, Михајлов рече дека откако ќе бидат завршени сите анализи и експертизи, тогаш ќе може да имаат конечен одговор дали лошата сигнализација е некаква причина за сообраќајната несреќа.

Двајца од повредените во автобуската несреќа во Бугарија, вчера, исто така, беа хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје.

Во несреќата што се случи рано изутрина, на 23 ноември на автопатот „Струма“, загинаа 45 лица. Според бугарските истражители, жртвите починале од задушување, откако автобусот се запалил, а најверојатна причина за несреќата е човечка грешка.

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе